На 23.03.2023 во 14:30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека на 22.03.2023 околу 10:30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, информираат од МВР.

Според пријавата, наставничката употребила и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на полицијата.