Наставничка во Скопје по физичко воспитување во основно училиште во скопско училиште на  Бит Пазар физички нападнала група ученички. Таа користела и дрвен предмет, потврди МВР.

Според пријавата поднесена во СВР Скопје во 21:00 часот, Б.С. (35) од Скопје пријавил дека околу 17:20 часот, неговата малолетна ќерка и неколку нејзини соученички биле нападнати во соблекувалната на училиштето од наставничката Е.Ј.

Наставничка во Берово нападнала малолетник во училиште

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега нема информации за евентуални повреди на ученичките или мотивите зад инцидентот.

Очекува се повеќе детали по завршувањето на истрагата.

Извор: Курир