Македонската фудбалска репрезентација одигра 0-0 против Република Ирска во Даблин. Двете селекции дојдоа поразени од полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство.
Слично како и пред пет дена во дуелот со Данска, Македонија немаше значајни шанси за гол и заврши со само три удари кон противничкиот гол.
Домаќините ја диктираа играта, посакуваа победа, но ниту еден од 15-те обиди не заврши во голот на Димитриевски.
