Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2,4 милиони евра, исплатени по наддавањето во 2018 година за еден напис за Бог и – 1,39 милиони евра во 2017., во Ерусалим, за писанието за тајната на среќата. Штотуку продадениот документ се проценуваше на два – три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописи, овој запис е научно дело.

Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913 – 14 година во Цирих, Швајцарија, од Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.

Аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919 година.