– Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва, напиша Навални на Инстаграм со неговата фотографија.
Тој додаде дека се наоѓа во казнената колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.
Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот во близина на Колчугино и не им било кажано каде е однесен.
Навални (44), еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен на почетокот на оваа година со пресуда за која западните земји ја осудија како политички мотивирана.