Дурант, кој изминатите десет денов беше во здравствено – безбедносен протокол, натпреварот го заврши со 33 поени, додавајќи шест скокови и четири асистенции.

Филаделфија до третиот триумф во низа ја предводеше Џоел Ембид со 34 поени.

Во преостанатите натпревари одиграни изминатата ноќ, шампионот Милвоки без проблеми го совлада Орландо на гостински терен со 136: 118, додека Вашингтон триумфираше над Кливленд со 110:93.

Дуелот меѓу Денвер и Голден Стејт беше 11. одложен натпревар сезонава во НБА лигата, откако домашниот тим немаше на располагање доволен број здрави кошаркари. Покрај тренерот Мелоун, во редовите на Денвер има тројца кошаркари, кои се Ковид – 19 протоколот, додека други шестмина се повредени.