Кари во четири натпревари за Вориорс има просек од 34,8 поени, 7,8 асистенции и 5,5 скока по натпревар. Калифорнијците постигнаа резултат 3-1 (победи-порази) минатата недела и продолжуваат да водат на првенствената табела.

Бруклин ја заврши седмицата ист биланс (3-1). Статистиката на Дурент во изминатите седум дена е 32,3 поени и 7,8 скока по средба со 62,9 отсто од поле.