Утринава корисниците на кредитни картички од сите банки во државава се соочија со голем проблем. Плаќањата, но и вадењето пари од картичките е оневозможено. Од НЛБ пратија информација дека нивната мрежа е падната, но информациите од терен говорат дека картичките од ниту една банка не функционираат.
Тоа значи дека ниту од другите поголеми банки, како Комерцијална и Стопанска, картичките не можат да се користат. Вадење пари е единствено можно од шалтерите на банките, а за се друго мора да имате кеш.
Информациите упатуваат на тоа дека се работи за сериозен дефект, поради изгубена врска со главниот провајдер. Се очекува проблемот да биде надминат, но засега не се знае кога би било тоа.