Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа развојот на дата центрите, наведувајќи дека тие се неопходни за глобалната трка кога станува збор за вештачката интелигенција. Toj предупреди дека блокирањето на технолошките проекти ќе ѝ даде предност на Кина.

Толку многу пари можат да се заработат за Охајо. Не можете едноставно да ги исклучите. Тие ќе одат во Кина“, изјави Трамп на предизборен собир во Вандалија, во американската држава Охајо, каде дата центрите се „жешка тема“ меѓу кандидатите за Сенат во земјата.

Трамп додаде дека капацитетите, кои ја обезбедуваат компјутерската моќ потребна за развој и управување со системите за вештачка интелигенција, кои ги нарече „суперинтелигенција“, би биле вредна инвестиција во Охајо.