Секогаш е вака кога народот не ги прифаќа политиките на ДУИ кои се насочени директно против државните интереси, зачинети со многу корупција и огромна политичка бруталост.
-Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија. – рече Османи.
На протестот против францускиот предлог, на кој излегоа повеќе од 120 илјади граѓани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Бујар Османи дека е кукавица која се заканува со меѓуетнички тензии.
Ќе му се исплашиме ли на Османи?