Луксембургскиот министер за надворешни работи Ксавиер Бетел денеска во Брисел порача дека Украина не треба да поставува ултиматуми околу приемот во ЕУ, реагирајќи на барањето на претседателот Володимир Зеленски Украина да биде примена следната година.
Бетел, кој е и поранешен премиер, изјави дека не бил задоволен од повторените барања на Зеленски да ѝ се дозволи на Украина да влезе во Унијата до 2027 година, иако, како што се наведува, силно ја повторил поддршката на Европа за Украина.
„Слушнав дека претседателот Зеленски рече дека тие мора да бидат членки следната година.
Жал ми е. Му реков неколку пати: не поставувај ултиматуми. Тоа не е во ваш интерес.
Факт е дека постојат правила, Копенхашките критериуми и ние треба да ги исполниме. Не можеме да кажеме дека постојат критериуми за едниот, а за другиот не…
Додека критериумите од Копенхаген не се почитуваат, не можеме да кажеме: Ве молиме влезете во семејството и за вас ги затвораме очите, за вас ги затвораме ушите, за вас ја затвораме устата.
Не, ни требаат правила и треба да ги почитуваме“, рече денеска Бетел во Брисел.
Украина не треба да поставува ултиматуми
