Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва ќе биде гостин во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ и ќе зборува за како што напиша на социјалните мрежи, скандалот на векот околу изградбата на автопатите.
Вечерва во 22:30 следете ја емисијата ,,Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.
Ќе ја откријам вистината за скандалот на векот околу изградбата на автопатите, да видиме кој лаже и прави хистерија, а кој говори вистина. Со факти и аргументи ќе ги разобличам лагите и со факти и аргументи во одбрана на народните пари кои некој сака расипнички да ги троши, напиша Николоски на социјалните мрежи.