Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во огнената стихија.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда,пишуваат република.мк

Според последните информации, зградата е целосно изгорена.