Откако беше обелоденета злоупотребата на биолошките лекови против рак, кога, според сомнежот, на пациенти им се давало физиолошки раствор, а лекот се препродавал на Косово, не стивнуваат коментарите и личните приказни за лошото искуство со биолошките лекови, пренесува Република.
На статусот на новинарката која подолго време пишува за овој проблем, Ирена Мулачка, своето искуство го раскажа корисничка на социјалните мрежи:
„Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена ‚хемотерапија’ не и падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека ‚лекот’ работи“, е дел од исповедта на еден профил на фејсбук, кој говори за своето горко искуство.