Помеѓу говорниците на Неделата на ЦЕФТА „15 YEARS MAKING TRADE HAPPEN“, како што е најавено, во четврток на 16 декември 2021 година се министерот за економија, Крешник Бектеши; еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји; претседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на шестте земји од Западен Балкан (WB6-CIF) Марко Чадеж; генералната секретарка на Советот за регионална соработка РСС, Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, што е одлична можност да се сумираат резултатите и достигнувањата од едногодишното претседавање со ЦЕФТА кое во текот на 2021 година го имаше Македонија.
Неделата на ЦЕФТА 2021 ќе започне со официјални состаноци на телата на ЦЕФТА и неколку работилници, организирани во соработка со партнерите од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, УСАИД Северна Македонија и Инвестицискиот форум 6 на Западен Балкан и со поддршка на Европската комисија.
Настаните ќе бидат посветени на теми поврзани со трговијата кои произлегуваат од Акциониот план за заеднички регионален пазар, како што се е-трговија, признавање на сертификати и процедури, квалификации, лиценци, права на интелектуална сопственост.
Почетокот на Неделата на ЦЕФТА 2021 ќе го означи со јавниот онлајн вебинар кој ќе се одржи денеска во 12 часот за да се претстави SEED+ системот како надградба на актуелниот функционален Систем за електронска размена на податоци кој успешно ги поврзува царинските управи во ЦЕФТА и ќе биде проширен на останатите агенции .
Учесниците исто така ќе добијат можност да се запознаат со базите на податоци на ЦЕФТА, вклучително и статистика за Зелените коридори/Зелените ленти.