Никола Недељковиќ конечно во прегратка со својата мајка, татко и сестра. Откако помина шест месеци во притвор под обвинението на Приштина за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, тој оствари средба со неговите роднини, објави Косова онлајн.
Никола рече дека е среќен што е на слобода, но во затвор бил, само затоа што е Србин.
„Не сакам да коментирам за деновите поминати во затвор, среќен сум што конечно сум со семејството. Во моментов немам никакви планови. Најважно е што ова е готово, можам конечно да си одам дома со моето семејство, за се друго има време.Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои се со мене и моето семејство од првиот ден. Можам да кажам дека сум среќен, Ако поради нешто требаше да бидам еден ден во затвор, нека биде затоа што сум Србин и затоа бев во затвор“, рече Никола
И полицаецот Дејан Пантиќ, поради кого пред 19 дена почнаа барикадите на северот од Косово, ќе биде пуштен во домашен притвор одлучи судот во Приштина.
Неговото ослободување е прво од барањата на Србите. На 10 декември Пантиќ беше уапсен на административниот премин Јариње додека ги извршувал приватни обврски. Во знак на поддршка 50-тина Срби вчера со камиони и трактори го блокираа патот во близина на преминот Мердаре на источната граница на Косово. Министерот за одбрана на Србија рече дека Србија не се заканува со празен пиштол и е подготвена да го брани суверенитетот.