Меѓународната организација на трудот уште пред три години доставила допис до Владата кај што бараат да се отстрани тој дел од законот за “заменски наставници“ бидејќи не е во согласност со Меѓународните конвенции за синдикално здружување и дејствување, тврди првиот синдикалец на СОНК, Јаким Неделков.

Тој дел од Законот не е отстранет и сега се злоупотребува и се користи за заплашување на работниците, вели Неделков кој додава дека Владата треба да сфати дека дека крши меѓународни конвенции кој што самата ги ратификувала.

Засега СОНК нема нови најави за преговори со Владата. Од понеделник започнуваат со штрајк доколку до петок немаат некаква понуда што не би можеле да ја одбијат.

Неделоков тврди дека децата нема да изгубаат од настава. Бирото за развој на образованието ќе изготви скратена програма која ќе се спорведе во рамки на учебната година до 10 јуни.

Лидер: Учениците нема потреба да се грижат, часовите ќе се надоместат без продолжување на учебната година после 10 јуни. Но како тоа планирате да го изведете тоа , кога за да ја скратите наставата потребна ви е согласност од Министерството за образование и наука?

-Ние со МОН, односно со Бирото за развој на образованиеќе се издоговориме и секој професор во рамките на својот наставен предмет ќе направи скратена програма, односно ќе ја почитува скратена програма за ден, два , три и колку веќе дена во штрајк ќе бидеме по соодветните премети за кои БРО ќе даде согласнот за тоа.

Лидер: Толку ли планирате да штрајкувате, ден, два три..?

-Никој не знае колку ќе трае штрајкот. Јас не можам да преудицирам колку ќе трае штрајкот .

Лидер: Што доколку штрајкот трае повеќе од две недели. Како ќе се скрати материјалот. Дали до 10 јуни ќе стигнете да ја поминете целата материја која е предвидена за целата учебна година?

-Согласно Законот за основно и средно образование учебната година се верифицира со 100 наставни дена. Тоа значи дека дека Министерот може да верифицира и повторно се враќаме на истото дека сето тоа што е пропуштено Бирото за развој ќе направи програма и ќе се надохнади во рамките на тие 100 наставни дена.

Лидер: Нели мислите дека ова е премногу за децата, втора година се одвива во услови на пандемија, со кратења на наставната содржина?

-Не, не мислам дека премногу. Мислам дека премногу е со девалвирање на професијата просветни работници. И конечно треба да дојде крај на таквиот однос на надлежните во однос на дејноста на образование и детска заштита.

Лидер: Вчера и од Сојузот на средношколци излегоа со став дека не го поддржуваат штрајкот и прашаа кој сега на вас ќе ви пише неоправдани за тоа што нема да држите настава. Ваш став?

-Па не сум убеден дека тоа е став на Сојузот на средношколци. Веројатно треба да добие овластување за такви изјави тој што ја даде изјавата. Меѓутоа милсма дека не е тоа став на сите средношколци, и дека тоа е личен став. Така да мислам дека малку е невкусна таа изјава и уште поневкусно да одговорам на таква провокација.

Лидер: Имате ли нови најави за преговори со Владата?

-Немаме никави најави за средба. Од понеделник стартуваме со штрајкот доколку до петок немаме некаква понуда што не би можеле да ја одбиеме.

Лидер: Рековте се прават притисоци по однос на спроведување на Законот за основно и средно кој предвидува во време на штрај да се најдат заменски наставници. Од една стна е Законот од друга страна вашиот штрајк?

-Тоа е еден своевиден притисок што се врши врз оние кои штрајкуваат. Инаку знаме со Кривичниот Законик се предвидени казни за оние кои ќе вршат ппритисок и ќе го попречуваат штрајкот. Се оди со парични, а дури има и затворски казни за тие што тоа што ќе го прават.
Имено ова што го зборувам дека се врши притисок имам аргументи, затоа што Меѓународната организација на трудот уште пред три години достави допис до Владата на Република Македонија кај што бара да се отстрани тој дел од законот бидејќи не е во согласност со Меѓународните конвенции за синдикално здружување и дејствување. Меѓутоа за жал еве до ден денеска не е отстранет овој дел од Законот и еве се злоупотребува и се користи за заплашување на работниците.

Лидер: Од другастрана Владата ќе се правда дека само го почитува законот со тоа што ќе ви најде заменски наставници?

-Може да се правда но треба да сфати дека крши меѓународни конвенции кој што ги ратификувала токму Владата на Република Македонија. Така да не може да спроведува закони којшто се во спротивност со меѓународни конвевнции. Згора на тоа , сакаме да влеземе во ЕУ , директиви на ЕУ спроведуваме во Македонија таму каде што одговара, таму каде што не одговра како во овој случај не сакааат ни да слушнат. Сериозни проблеми ќе имаат ако ова се обидат да го релаизираат. Не проблеми од нас, ќе имаат меѓународни санкции за таа работа.