Недостасуваат делови од договорот со „Бехтел и Енка“ што Владата го доставила до Антикорпциската комисија, вели претседателката Билјана Ивановска. Според неа, во доставената документација недостасуваат прилози кон договорот.

Иако ДКСК се обратиле до Владата, добиле одговор дека е истата документација која била испратена до Собранието.

Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Сепак, што точно има во деловите кои недостасуваат не може да се процени. Ивановска вели дека тоа дополнително им ја усложнува работата.

Битно е што содржат тие прилози, на што се однесуваат. Јас во монетов не знам. Ако има потеба, ќе ги побараме, вели Ивановска во изјава за Телма.

Членовите на Антикорупциската комисија поседуваат безбедносни сертификати и имаат право на целосен увид во договорот, за кој тврдат од владата дека е заштитен со клаузула за доверливост иако премиерот вели дека во договорот нема ништо тајно.