На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии и снимки од забиени руски ракети во асфалт во Харков.

Фотографиите и снимките ја покажуваат опашката на, се чини, две ракети кои не експлодирале.

Едната била забиена токму таму каде што е пешачкиот премин.

Другата се забила среде улица во градот, во непосредна близина на станбена зграда, а не е далеку и православна црква, пишуваат медиумите.