МВР денеска информира дека Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Информациите се дека пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, им овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.