Новите предврмени парламентарни избори во Бугарија не обезбедија јасен победник како би се разрешила скоро двегодишната политичка криза кај источниот сосед. Формирањето на политичка влада останува голема енигма, откако тоа не беше возможно да се направи и по четирите организирани избори.

Според податоците на Централната изборна комисија по петтите парламентарни избори озрганизирани за нецели две години во благо водство е ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, пред политичкиот противник Кирил Петков со Промените продолжуваат. Ваков резултат, гласачите испорачаа и на изборите во октомври.

Со излезност од 40,5 отсто, бугарските државјани на Борисов му обезбедија 69 пратеници, Петков освои 64, а трети на листата се националиситичката Преродба со 37 мандати.. Шоуменот Слави Трифонов обезбеди 11 пратенички столчиња.

Ваков резултат испорачале и граѓаните кои гласаа во Македонија.

Од вкупно 453 лица кои се појавиле на гласачките места во земјава, најмногу гласови освоила ГЕРБ, а веднаш зад неа е Промените продолжуваат.. Слична распределба на гласовите во земјава имаше и на изборите во октомври.