Одбележување на раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, една од највлијателните хуманистки во светската историја. Таа е родена на 26 август 1910 година во Скопје, на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, локација која денес се наоѓа на плоштад Македонија.

Детството и повикот

Агнеса Гонџа Бојаџиу, како што било нејзиното вистинско име, пораснала во семејство каде владеело правилото секогаш да се помогне на оние што имаат потреба. Таа била најмладото дете во семејството со сестра Ага и брат Лазар. На само 12 години добила повик од Бога, а шест години подоцна го напуштила родниот град, заминувајќи за Даблин, Ирска.

Животна мисија и признанија

Мајка Тереза ја посвети целата своја животна мисија на сиромашните, болните и напуштените. За својата несебична работа ја доби Нобеловата награда за мир во 1979 година. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година, по долгогодишна борба со здравствени проблеми.

Две години по нејзината смрт започна процесот за беатификација. На 19 октомври 2003 година беше прогласена за Блажена од папата Јован Павле Втори, а на 4 септември 2016 година папата Франциск ја канонизираше за светица на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.