Девојчето А.А.(13) кое беше тешко повредено во масакрот што го изврши нејзин соученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, вчера почина по 12 дена тешка борба на лекарите за нејзиниот живот и стана 10-та жртва на најстрашното злосторство во Србија.

Девојчето кое се здоби со тешки повреди на главата во крвавиот пир на нејзиниот другар од одделението 7/2 на 3 мај, поради што од самиот почеток беше во критична состојба, се наоѓаше на Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Да потсетиме, тринаесетгодишното момче кое утрото ги зеде пиштолите и муницијата од сефот на својот татко и отиде на училиште со план да ги убие другарите, направи невидено злосторство на нашите простори. Во холот на училишната зграда прво убил чувар, а потоа дежурните ученички. По таа „крвава гозба“ момчето влегло во училницата и на вратата пукал во професорката по историја, а потоа и во другарите. Покрај наставничката по историја, повредени се уште шест ученици, меѓу кои беше и А.А.

Министерството за здравство вчера излезе со соопштение.

-Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување, стои во соопштението на министерството.

-Сите се надевавме дека таа ќе издржи, дека ќе се случи некое чудо. Секој ден одевме во црква и се молевме за нејзиното оздравување. Иако прогнозите не беа светли, знаеме дека лекарите вложиле натчовечки напори да и го спасат животот. За жал, не издржа ниту нејзиното невино срце. Нејзиниот живот заврши вчера, а со тоа и нашиот свет. Нема закрепнување од оваа трагедија. И по две недели не можеме да се соземеме и прашање е дали некогаш ќе успееме, рекол познаник на семејството на девојката.

-Несреќната девојка била на списокот за убиства, кој бил пронајден на бирото на момчето во неговата соба, при полициската истрага. Момчето со рака го напишало нејзиното име на парче хартија, а ја ставил на 10-то место, вели изворот.

-Пред нејзиното име напиша девет имиња на лист, но едно пречкрта. Не е утврдено зошто пречкртал едно име, вели изворот и додава дека во текот на истрагата на бирото на момчето во станот била пронајдена шема, слична на видео игрите.