Украинскиот претседател одбива средба во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно стави до знаење дека не планира да патува во Москва за преговори со рускиот лидер Владимир Путин. Тој изјави дека додека Украина секојдневно е под руски напади, не може лично да се сретне во главниот град на земја која води војна против неговата држава.

„Тој може да дојде во Киев… Јас не можам да одам во Москва додека мојата земја секој ден е под руски напади. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. И Путин тоа го разбира“, рече Зеленски, додавајќи дека понудата на Путин ја гледа како обид за одложување на вистинскиот состанок.

„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, тогаш предлага нешто што мене или на другите не може да им биде прифатливо“, нагласи украинскиот претседател.

Реакции и одговори

Рускиот лидер претходно изјави дека е подготвен да разговара, но само во Москва. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, овој предлог го оцени како „неприфатлив“.