Првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски, од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ, обвинува за соработка. Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош, на јахти и во скапи автомобили“, изјави Димитриевски.
Тој оцени дека Ковачевски е „континуирано поддржан од својот политички гуру – Зоран Заев“, но и дека СДСМ денес се сведува на „100 илјади гласови и напуштени вистински членови“.
„За жал, денес таа, еднаш државотворна партија каква што беше СДСМ, се сведува на 100 илјади гласови и на секојдневно напуштање од вистинските членови и симпатизери. Ние во Движењето ЗНАМ веруваме во политика создадена од обичните луѓе и ги држиме крушевачките и економските идеали“, порача тој.
Димитриевски го повика Ковачевски да објасни како дошол до златна виза во Дубаи и средства за инвестиции, додавајќи дека овие прашања се од јавен интерес.
„Бидејќи колку што гледам, неговото време поминува претежно во Дубаи, ќе треба да даде објаснување за многу отворени прашања. На пример, како се добива златна виза и дополнително за сите инвестиции со кои средствата се прават и пласираат таму. Бидејќи за да добиеш таква виза, првенствено треба да бидеш инвеститор. Како тоа еден човек, во овој случај со докторска плата, поседува толкав имот“, рече лидерот на ЗНАМ.
Во продолжение на обраќањето, Димитриевски го повика Ковачевски на директен дуел пред јавноста, со цел, како што рече, граѓаните да ја видат вистината и да ги слушнат аргументите лице в лице.
„Јас и денеска ќе повторам. Нека избере време и место, нека избере новинар, дури и оние апологети што им се на платен список и нека се одважи да дојде на ТВ дуел. Нека ја слушне јавноста, нека ги видиме аргументите и фактите. Да видиме кој е подизведувач. Еве Венко, одважи се и излези да се соочиме. Јас ќе дојдам сам,“ порача Димитриевски.