Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Иван Аговски бр.1а, прекинато водоснабдување денеска ќе имат корисниците од улиците: Иван Аговски, Руѓер Бошковиќ и Гиго Михајловски во општината Карпош.

Исто така поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Раде Јовчевски Корчагин 15, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.