Данска и Шведска ги oтповикаа рускитe амбасадори во нивните земји, откако руски авион го наруши нивниот воздушен простор, нешто што данскиот министер за надворешни работи го означи како „целосно неприфатливо“.
По неколку недели под опсада, десетици цивили се евакуирани од Мариупол на територијата под контрола на Русија и на Украина.
Некои ја напуштија челичарницата Азовстал, последното упориште на украинските војници во стратешки значајниот град. Русија соопшти дека десетици цивили пристигнале во селото што го контролира. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека голема група исто така е на пат кон Запорожје, над кој Украина има контрола.
„Првата група од околу 100 луѓе веќе се упатува кон контролираната област“, напиша тој на Твитер.
Украинските власти соопштија дека руското гранатирање продолжило врз фабриката за челик по краткиот прекин на огнот во неделата.
Додека десетици се спасени, неколку стотици цивили – вклучително и деца – се уште се во бункерите, изјави Денис Шлеха од националната гарда на Украина, цитиран од Ројтерс во неделата.
Руските власти соопштија дека имало пожар во објект на министерството за одбрана во Белгород, во близина на украинската граница – но не дадоа никаква причина за тоа.