Заради поврзување на нова водоводна мрежа на улица „Алберт Станиќ“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и улиците „Исмаил Кадаре“ и „Војдан Чернодримски“ во близина на полициската станица Бит Пазар.
Како што информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот и ќе трае до санирање на дефектот.