Ленче Нелоска, претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров на вечерашната трибина по повод 33 години од партијата сумираше што е направено во општината.
„Долгот беше огромен за општина како Ѓорче Петров и со задоволство можам да кажам дека е значително намален, но не на сметка на реализирање на проекти“, рече Нелоска.
Нелоска информираше и што се е направено во општината во овој период.
„Изградена е градинка во Волково и се зголеми капацитетот за 200 деца на место каде никогаш немало градинки. Во другите градинки го зголемивме капацитетот за упис за 100 нови деца. И состојбата многу е подобрена. Реновиравме и две основни училишта кои беа комплетно запоставени. Кучково немаше вода за пиење, а сега денес е туристички центар. Набрзо ќе биде познато и по друга причина ќе го направиме тука првиот регионален центар за деца излечени од малигни болести“, рече Нелоска.
Нелоска посочи дека во општината се уште има основни нерешени урбанистички проблеми и оти се реконструирани 30 улици, а санирани се проблеми на фекалната и комунална мрежа. Таа посочи дека Ново село од километарската депонија прераснува во зелена оаза.
Нелоска укажа дека општината го поддржува и спортот, клубовите, како и индивидуални спортисти.
„Општината работи чесно и домаќински, тоа го заслужуваат граѓаните. Ова што го кажав е само дел, работиме отежнато игнорирани од централната власт. А токму централната власт државата ја прави дувло на криминалот и само прави кражба на народни пари“, заклучи Нелоска.