Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Меѓународниот кривичен суд (МКС). Мерките забрануваат трансакции со судот, а според изјавата на американскиот државен секретар Марк Рубио, целта е да се ограничат неговите ресурси и да се парализира неговото функционирање.

„Претседателот Трамп никогаш нема да дозволи Меѓународниот кривичен суд да ги гони американските граѓани. Токму затоа САД денес воведуваат санкции врз Меѓународниот кривичен суд. Ќе ja забраниме соработката овој одметнат суд, лишувајќи го од ресурси и парализирајќи ја неговата способност да функционира“, се вели во соопштението.

Претходно, медиумите објавија дека Рубио во јули најавил кампања за изолирање на судот и ги повикал другите земји да се повлечат од него. САД веќе воведоа санкции и против поединечни судии и обвинители на МКС.

Од МКС соопштија дека американските санкции се без преседан и имаат цел да ја попречат работата на судот и да им се закануваат на оние што соработуваат со него. Судот порача дека нема да попушти под притисок.

Кон крајот на септември, обраќајќи се пред Генералното собрание на ОН, Трамп ги повика сите учесници да ја напуштат институцијата. Претходно, во средината на јули, Рубио најавил почеток на дипломатска кампања против глобализмот, во која, според него, требало да биде вклучено систематско распуштање на МКС.

Рубио го нарекол судот закана за суверените држави и го обвинил неговото раководство дека се обидува да ја узурпира власта, поставувајќи се над Уставот на САД и американскиот судски систем.

Според веста, земјите во кои живее повеќе од половина од светското население не ја признаваат надлежноста на МКС. Меѓу нив се САД, Русија, Кина, Индија и Турција.