Нова методологија за исплаќање субвенции на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утрово гостува во студиото на Радио Лидер каде со него зборуваме за новата методологија за исплаќање субвенции на земјоделците. Министерот за нашиот медиуми открива: Кој ќе добие, а кој ќе изгуби со новата политика на субвенции?

Поразителни резултати од досегашното субвенционирање

Според министерот, анализата направена во 2024 година покажала дека од воведувањето на субвенциите до денес биле потрошени околу една милијарда и 800 илјади евра за македонското земјоделство. Тој оцени дека резултатите се незадоволителни, особено имајќи го предвид падот на ефектите во изминатите седум до десет години.

Министерството за земјоделство има една стратегија за период од 2021-2027 година. Со промената на власта формиравме работна група со поддршка од Светска банка. Правевме пресек за ефектите од субвенционирањето во македонскиот аграр. Показателите и резултатите беа поразителни. Пресекот е правен во 2024 година, а фатен е моментот од воведување субвенции до ден денес. Како држави сме потрошиле милијарда и 800 илјади евра за македонското земјоделство. Изминативе 7 до 10 години имаме сериозен пад во делот на потрошените буџетски средства, започна министерот Триуповски правејќи една кратка ретроспектива.

Како клучни причини ги наведе празнењето на селата, недостигот на млади луѓе и намалената ефикасност во искористувањето на буџетските средства. Во таа насока, најави постепена реформа во 2026 и 2027 година, со цел подобро насочување на субвенциите и искористување на природните ресурси – сонцето, водата и квалитетната почва.

Нема да има кратење на субвенциите

Ние овие две години 2026 и 2027 полека ги спремаме земјоделците во каква насока треба да се движиме со цел оние услови кои ги имаме: сонце, вода и квалитетна почва за да имаме резултати такви какви што како држава ни требаат. Земјоделството е носечки столб на нашата економија. Ова е припрема која ја воведуваме оваа 2026 година. Ова не е одеднаш новина. Во министерството имаме подсекторски групи, рече Триуповски.

Дали сумата ќе остане иста?

Тука имаше една дилема која опозицијата сака да ја искористи за политички поени. Во услови на безидејност пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од програмата за субвенции што класично го отфрлам – не е точно. Во текот на годината ако има потреба се ставаат дополнителни средства во програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме програмата со 102 милиони евра како програма донесена. Со ребалансот кој го направи ВМРО-ДПМНЕ се ставија дополнителни 20 милиони евра, па после пак се зголеми програмата и станаа 137 милиони евра, рече Триуповски што јасно да дознаење дека нема да има кратење на субвенциите.

Целата емисија може да ја проследите ТУКА.