Ова е најавено откако Portalb.mk го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци.
Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат.
Доколку граѓаните немаат извод, ќе се венчаат само со документ за идентификација, додека службеникот самиот ќе ги обезбеди изводите, известува Portalb.mk.