НЕМА ДА УПОТРЕБИМЕ ВОЕНА СИЛА

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор во Давос изјави дека САД нема да употребат воена сила за да го освојат Гренланд.

Изјавата предизвика воздишка на олеснување кај светските лидери собрани на Светскиот економски форум, откако Трамп со месеци одбиваше јасно да ја исклучи можноста за воена акција. Тој посочи дека нема намера да користи сила за преземање контрола врз островот.

– Веројатно нема да добиеме ништо освен ако не одлучам да употребам прекумерна сила таму каде што би биле, искрено, незапирливи. Но, нема да го направам тоа – рече Трамп.

Тој додаде дека во јавноста постоеле очекувања за поинаков пристап од негова страна.

– Луѓето мислеа дека ќе употребам сила. Не морам да употребам сила. Не сакам да употребам сила. Нема да употребам сила. Сè што бараат Соединетите Држави е местото наречено Гренланд – рече тој.

Во продолжение на говорот, Трамп оцени дека Соединетите Американски Држави не добиле „ништо од НАТО“, освен што ја заштитиле Европа од Русија.

 

 

 

 

НЕМА ДА УПОТРЕБИМЕ ВОЕНА СИЛА