Навивачите кои ќе заминат на светското првенство кое од 20-ти месецов ќе се одржи во Катар ќе мораат да се придржуваат до култрурата на домаќинот, предупреди полицијата.
Најновото предупредување издадено од Министерството за надворешни работи на Катар е дека навивачите кои ќе дојдат во оваа заливска земја не смеат да се држат за рака во јавност, дури ни со својката партнерка од спротивниот пол.
Катарското МНР смета дека најпроблематични ќе бидат англиските навивачи, па за нив подготви спрецијални предупредувања, а презема и посебни мерки само за нив. Во договор со Обединетото Кралство, 15 британски специјалци ќе делуваат како тампон зона помеѓу навивачите и потенцијално опасните локални сили во обидот за деескалација на евентуалните проблеми. До сите навивачи е упатен апел да избегнуваат било какви провокации кон катарските власти.
Катар ангажираше дополнителни полициски сили од Турција и Пакистан кои ќе помагаат во контролата на Светското првенство.
Нашите полицајци ќе бидат таму за да се обидат да влезат и да ги смират работите доколку е потребно. Ние не сме морална полиција и нема да им кажуваме на луѓето да не протестираат. Тоа е проблем на локалците. Ние само сакаме да се грижиме за навивачите. Последното нешто што сакаме е некој ненамерно да предизвика навреда, па доколку видиме дека има нешто што може да предизвика проблем, можеме да одиме и да се обидеме да ја деескалираме ситуацијата, рече началникот на Чешир, Марк Робертс, најдобриот британски фудбалски полицаец.