Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“.
– Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe на Велигден е крајно неприфатливо и силно осудено. Нема место за вакви дела во Македонија. Истрагата е во тек, а одговорните ќе бидат повикани на одговорност. Нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот – се вели во објавата на Х на Муцунски.
Еврејската заедница во Македонија синоќа соопшти дека бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата.
