Канада и Америка режираа вистинско утринско уживање за сите љубители на кошарката, бидејќи натпреварот за третото место донесе се што може да се посака на еден терен, објави Дерби.мк.
Многу пресврти, фантастични потези и офанзивна кошарка беше она што преовладуваше во „малото финале“ на Светското првенство, но на крај заслужено победата ја однесе Канада која го освои бронзениот медал.
Канаѓаните беа за нијанса подобри во текот на регуларниот дел и упропастија предност од 10 разлика во четвртата четвртина, па иако се чинеше дека завршниот шок ќе влијае негативно врз нив, тие беа подобри во продолжението.
Бриџис донесе дополнителни пет минути откако намерно промаши слободно фрлање, а потоа погоди тројка за израмнување од 111:111, но и покрај тоа што се чинеше дека моментумот се префрла кај Американците, Гилџус Александер не мислеше така.
НБА ѕвездата погоди седум поени во низа за сигурна предност на Канаѓаните, која се покажа и како клучна за да се обезбеди завршна победа од 127:111.
Херојот во продолжението го заврши мечот со 31 поен, но играч на натперварот беше Дилон Брукс кој уфрли 39 поени. За Канада ова е историски момент во кошарката, бидејќи е прв медал на Светските првенства.