Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголемо зголемувањe на водостојот на реките низ земјава.
Во текот на денот, како за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд, но количински помалку и со нешто помал интензитет во однос на вчерашните. Овие врнежи се очекува да гo зголемат водостојот на реките низ земјава без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците. После долгиот сушен период ќе бидат добредојдени за природните езера во земјава, особено за Преспанското Езеро и Дојранското Езеро чиишто водостој се под минимално дозволените, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно наполнување со вода, се наведува во соопштението.