Васко Ковачевски, директорот на АД ЕСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека меѓу понудите кои пристигнале за набавка на 900.000 тони јаглен за РЕК Битола за надминување на енергетската криза за време на грејната сезона не пристигнала понуда од Грција, која инаку би била најповолна.

– Не добивме понуда од Грција, меѓутоа тамошните компании, повеќе државната компанија, си ги чуваат резервите на јаглен заради турбуленциите на пазарот, рече Ковачевски.

Првиот човек на поранешен ЕЛЕМ уверува дека јагленот со кој ќе работат два блока на РЕК Битола ќе пристигне до декември и истиот ќе го користиме до 15 амрпил, односно додека трае грејната сезона.

– Има 14 понуди, има компнија на пример која нуди јаглен од Босна, Црна Гора и други места. Тоа значи дека наредната недела, доколку ја завршиме анализатра, до 15 ноември ако ја завршиме постапката и до крајот на месецот ќе започнат со пристигнување на првите количини јаглен, најавува Ковачевски.

Транспортот на јагленот логистички ќе се врши со камиони по одредена рута на движење, а железничкиот транспорт со оваа инфраструктура не е можен, бидејќи за тоа не се подготвени ниту соседните држави. Транспортот ќе биде на дневна основа, според дневните потреби.