Нема акции во маркетите, а цените ќе бидат замрзнети. Ова се однесува на прехранбените произдводи. Ова доаѓа по два месеци раст на цените. Некаде, цените стигнаа до плафон. Сега, сите производи кои имаат 5 отсто ДДВ, ќе се замрзнат. Претходно, трговците ќе имаат обврска линеарно да ги намалат цените за 10 проценти.

Мерката за забрана на акциски производи, ќе важи до крајот на ноември.

Бектеши тврди – анализите покажале дека поскапувањето кое се случува изминатиот период е неосновано. За новите одлуки утре на средба ќе ги извести најголемите ланци маркети.