„Одредбите од Кривичниот законик, а кои се однесуваат на членот 215 „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ не предвидува кривично дело во однос на личната употреба на дрога, но праксата на судовите во земјата покажува спротивни ставови содржани во пресудите. Имено, претставниците од невладиниот сектор кој се занимават со ова прашање во своето работење, до Министерството за правда на состаноците на работната група задолжена за подготовка на нов Кривичен законик истакнаа дека од направените анализи на бројни пресуди видно е постоење на пракса на кривично гонење и осудување на лица кај кои е пронајдена недозволена супстанца која овие лица, кои истата ја поседувале за лична употреба“, се посочува во законското образложение.
Нема повеќе казни за тој што носи дроги за лична употреба
Н
„Нема да се казни тој што поседува наркотични дроги и психотропни супстанции за лична употреба“, е новата законска одредба предложена во измените на Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.