На автопатот Ниш-Лесковац вечерва целосно изгоре автобус, но за среќа никој од патниците не е повреден во пожарот, пренесуваат српските медиуми.

Пожарникарите околу 20.30 часот биле известени дека на автопатот Ниш-Белград, кај селото Орљане кај Дољевац, гори автобус. За брзо време пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.

Засега нема информации како се запалил автобусот.