Според него, пописот е статистичка операција кој не смее да се политизира.

-Договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат (локални избори), односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели. Тоа е статистичка операција, рече Васев.