Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Иако случајот предизвика лавина реакции во јавноста, судија на претходна постапка одлучи да не одреди притвор, туку само мерки за претпазливост.
Според информациите од истрагата, професорот подолг временски период ја вознемирувал малолетната ученичка, користејќи ја својата позиција на моќ и авторитет во училиштето.
Судот донесе одлука со која на осомничениот му се изречени мерки, со кои му се забранува да се приближува или да воспоставува каков било контакт со ученичката. Привремено му е одземен пасошот и не смее да ја напушта државата, а има и обврска редовно да се јавува кај надлежно службено лице во Судот.
„Јавниот обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост со цел да се обезбеди присуство на осомничениот и да се заштити оштетената во текот на понатамошната постапка,“ соопштија од Обвинителството.
