Не само што не сме рекордени, туку сме длабоко заковани на дното по однос на привлекување на странски директни инвестиции, изјави лидерот на ВМРО ДЕПМНЕ на пред конференција, анализирајќи ја работата на Владата во изминативе четири години.
По однос на странските директни инвестиции ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот, а каква е реалноста? Еве би сакал да ги споменам само бројките во оваа 2020 година која е позади нас. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни БиХ има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти. Не само што не сме рекордери туку длабоко сме заковани на дното, а нема странски инвестиции затоа што оваа Влада е најкорумпираната во Европа, затоа што сме најкорумпираната држава според скалата на Транспаренси ние сме 111-то место, најлошото во историјата, најлошо во независна Македонија затоа што апаши ни ја водат државата, изјави Мицкоски.
Во делот на енергетиката ветуваа многу во програмата За живот со која настапија на изборите во 2016 година голем дел од тие проекти ги повторија во оној план за 5 милијарди евра инвестиции во 2019 година, ги препишаа за време на предвремените парламентарни избори во 2020 година, а дел од тие проекти ги слушнавме и на прес конференцијата на Зоран Заев каде вети нов инвестициски бран од замислете ни повеќе ни помалку 8 милијарди евра. По принципот на Фејсбук, Гугл, Фолксваген, претпоставувам и овие 8 милијарди евра ќе завршат само како бројка напишана на хартија, а за жал во реалноста ни трага ни глас.