Фамозно и долго најавуваната наградна игра на Бојан Јовановски – Боки 13 и јутуберот Стефан Лазаров се сруши како кула од карти. Повеќе нема гламур, а информациите кои прв ги објави нашиот медиум за кои многумина се сомневаа на крајот испаднаа вистинити како и секогаш.

И самиот инфлуенсер Лазаров ја потврди синоќешната инспекција од УЈП. Истата како што напишавме и ние, се случила кога се случувала наградната игра во штипски ноќен клуб. Инспекторите од УЈП јасно увиделе дека има неправилности.

Имено, согласно членот 2 од законот за организирање на игри на среќа, Лазаров и Боки 13 морало да ја пријават нивната наградна игра. Деталите може да ги прочитате на веста во продолжение:

(ФОТО) Боки 13 се откажа од наградната игра на Лазаров – УЈП ќе ги чешла парите!

Лазаров потврди дека наградата игра нема веќе да има гламур и истата ќе биде во студио.

„Заради новонастанатата ситуација наредните планирани настани ги откажувам. Гивавејот продолжува, а извлекувањата ќе се одржат во моето студио“, објави Лазаров на Инстаграм.

Тој најави дека ќе се консултира со неговиот правен тим, а веднаш потоа ќе поднесе и жалби.

За Боки 13 се огласи и новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

Јоци за Боки 13: Мислеше пак ќе изиграва влада во сенка, ќе си игра дрндупка и ќе го вози ВМРО ко телетабисите од СДСМ

Останува прашањето дали утре УЈП дополнително ќе истражува и кои ќе бидат следните чекори на Министерството за финансии. Засега, се докажа дека оваа држава има институции и дека овде законите функционираат за сите.