Ѓорѓиевски во вечерна обиколка: „Скопје нема време за чекање“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во својата вечерна обиколка ги посети локациите на тековните проекти, но и местата каде што наскоро ќе започнат нови активности. Тој порача дека Скопје нема простор за одложување и дека ќе се вложат труд, енергија и истрајност во секоја општина, на секоја улица и во секое маало.

Визија за модерен и горд град

„Нашата цел е јасна – Скопје повторно да застане исправено, убаво и гордо, со дух што секој ќе го препознае“, напиша Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека се работи посветено на враќањето на препознатливиот идентитет на градот.

Мега паркот во Бутел како нова зелена точка

При случајна средба во Бутел со градоначалникот Дарко Костовски, двајцата ги усогласија последните детали за изградбата на најавениот мега парк. Според Ѓорѓиевски, овој проект ќе донесе нова зелена енергија и современ простор за идните генерации. „Градиме со визија. Скопје го правиме заедно. А најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој.