Нема загинати и повредени во сообраќајката на патот Струмица – Граничен премин Ново Село, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин во двата правци од 18:30 часот.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, во 18:20 часот во полицијата било пријавено дека се случила сообраќајна незгода пред влезот во село Ново Село од правец на Струмица, а во неа учествувале два автомобила.
-Според првичните информации причинета е само материјална штета кај двете возила, а полицијата врши увид на местото на незгодата, изјави Трајанова за МИА.