– Не постоеше можност трката да се одложи за следниот ден. Најважна е безбедноста на возачите и гледачите. Ни беше дадена можност да ја завршиме трката, но не можевме да стигнеме до целта. Не постои можност трката да се одложи за 24 часа. Не знам дали логистички тоа би било изводливо за подоцна во сезоната, изјави Маси за британските медиуми.

По неколку одложувања на стартот поради силниот дожд и слабата видливост на патеката, за победник на Големата награда на Белгија беше прогласен Макс Верстапен, кој требаше да стартува од пол – позицијата. Пласманот на другите возачи беше одреден според редоследот по кој требаше да стартуваат.

Таквиот развој на случувањата наиде на остра реакција од актуелниот светски првак Луис Хамилтон, кој одлуката на раководството на Ф1 ја нарече фарса.