Ние немаме еден македонски филм почнат со снимање оваа година, тука е проблемот. А имаме 17 македонски играни филмови поддржани кои чекаат како локомотива и вагони наредени еден зад друг, играни филмови, малцински копродукции, документари филмови, анимирани филмови кои чекаат да бидат реализирани. На некои им требаат копродуценти, но на некои, пример дебитантите, може да почнат само со нашите пари да снимаат, вели Салковски во вечерашното гостување на ТВ24 во директна дебата со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Филмските режисери и продуценти негодуваат за скратените средства на буџетот за филмска дејност во тековната 2023 и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата за филм. Министерката вели дека средствата ќе бидат вратени во декември, по што реагираше Салковски кој се противи на враќањето средства дури во декември.
Луѓето сакаат да снимаат сега. Дале банкарски гаранции, дали трошоци, инвестирале, започна продуцентот и одново напомена дека на режисерите и продуцентите скратени им се срествата.
Тој обвинува дека министерството за финансии и минситерството за култура си ја префрлале топката.
Минатата година предлог за кратење 60 милиони денари. Вие велевте „Не е до мене, до министерство за финансии е“. Бевме во министерството за финансии министерот сите нѐ уверуваше дека „Не е така, тоа е предлог на министерот за култура“. Успеавме некако, со големи притисоци, до 30 милиони да го имаме кратењето.
По жешка дискусија со министерката за култура, тој го објасни ефектот од кратењето на средствата за филмските работници.
Знаете ли што се случува со кратењето на филм? Не е како другите дејности. Ако се скрати оваа година, за три години ние ќе осетиме. Кратењата за време на корона во филмот ние сега ги чувствуваме. Ние немаме еден македонски филм почнат со снимање оваа година, тука е проблемот. А имаме 17 македонски играни филмови поддржани кои чекаат како локомотива и вагони наредени еден зад друг, играни филмови, малцински копродукции, документари филмови, анимирани филмови кои чекаат да бидат реализирани. На некои им требаат копродуценти, но на некои, пример дебитантите, може да почнат само со нашите пари да снимаат, вели Салковски.
Тој додава дека се чекаат парите за снимање.
Не работиме со пазарски продукти, работиме со уметност, заклучува продуцентот Салковски.