Европската унија применува двојни аршини кога станува збор за проширувањето, оцени унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој посочи дека земји како Грција и Бугарија со години ги блокираат процесите на Македонија и Србија, без да бидат обвинети за поткопување на европското единство.
За разлика од тоа, нагласи тој, секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето во врска со Украина, е мета на жестоки критики.
„Дали тогаш некој ги обвини тие земји за поткопување на европското единство? Секако не,“ изјави Сијарто во интервју за РТС, додавајќи дека „секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето стануваме жртва на политички напади“.